Утрински Весник
Магазин

СЗО предупреди дека многу деца и млади многу малку се движат

20261105091746 big 730x400 30.webp.webp

Секоја четврта млада личност на возраст од 11 до 17 години не се занимава со никаков спорт ниту со активности што барем донекаде ги напрегаат срцето и кардиоваскуларниот систем, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).

Извештајот „Генерација на која ѝ недостасува движење – Глобални трендови на телесна активност кај адолесцентите 2010 – 2025“ откри дека 25 проценти од припадниците на оваа возрасна група се ускратени за придобивките од таквата физичка активност.


„Тие се лишени од добробитите што ги носи доволната и редовна физичка активност“, наведе организацијата на ОН.

Само 14 проценти од лицата во таа возрасна група изјавиле дека се физички активни, умерено до интензивно, барем еден час дневно.

Извештајот се заснова на истражувања спроведени во 140 земји, во кои учествувале повеќе од три милиони испитаници. Едно од ограничувањата е тоа што перцепцијата за умерена или силна физичка активност може да се разликува во зависност од регионот или културата.

Според истражувањето, девојчињата се помалку активни од момчињата во речиси сите земји. Сè на сè, повеќе од четвртина од девојчињата (28 отсто) изјавиле дека во текот на претходната недела не биле физички активни ниту еден ден. Во споредба со тоа, истото го навеле околу петина од момчињата (22 проценти).

Исто така, помала е веројатноста девојчињата да наведат дека се физички активни секој ден.

„Овој тренд е загрижувачки бидејќи адолесценцијата е клучен период за усвојување здрави навики кои остануваат за целиот живот“, истакна Светската здравствена организација (СЗО).

Можете да прочитате

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома

Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуални напади

Девет симптоми дека имате работа со нарцисоидна личност