Утрински Весник
Свет

Кремљ: Истекувањето на гасоводoт е голем проблем за Русија

Кремљ: Истекувањето на гасоводoт е голем проблем за Русија
Ss2

Истекувањето гас од гасоводот „Северен тек 2“ е „голем проблем за Русија“ и загуба на вредни средства, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Песков призна дека оштетувањето на гасоводот предизвикало голем проблем за Русија.

Ss1

Овој гас е многу скап, рече Песков, додавајќи дека сега гасот испарува во воздухот.

Песков ги отфрли наводите за вмешаност на Русија во инцидентот со истекување, нарекувајќи ги обвинувањата „предвидливи, апсурдни и глупави“ и потсети на говорот на американскиот претседател Џо Бајден за неопходноста од отстранување на гасоводот „Северен тек 2“ на почетокот на годината.

„Се сеќавате ли на изјавите на американскиот претседател, кои беа дадени на почетокот на февруари? Кој тогаш вети дека ќе се ослободи од Северен тек 2? На што мислеше американскиот претседател, не знаеме“, рече тој.

Песков истакна дека Русија трпи загуби поради истекување на гасоводот, додека американските енергетски компании имаат корист од тоа.

„Ги гледаме огромните профити на американските добавувачи на течен природен гас, кои ги умножија испораките на европскиот континент, тие се многу, многу заинтересирани да продолжат да ги остваруваат овие супер-супер профити“, рече тој.

Портпаролот на Кремљ, исто така, инсистираше Гаспром, сопственик на гасоводот, да учествува во истрагата за инцидентите во Балтичкото Море.

Тој рече дека ситуацијата отвора многу прашања и бара дијалог меѓу инволвираните страни, кој во моментов недостасува.

Данската агенција за енергија потврди во вторникот три истекувања на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2.

Сеизмолозите објавија дека експлозии го потресоа Балтичкото Море пред да бидат откриени невообичаените истекувања.

Гасоводот „Северен тек“ се протега на 1.200 километри под површината на Балтичкото Море, од рускиот брег во близина на Санкт Петербург до североисточна Германија. Отворен е во 2011 година, а максималниот капацитет на овој гасовод е 170 милиони кубни метри гас, кој се испраќа од Русија во Германија.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип