Утрински Весник
Македонија

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола – СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Image 2026 11 10 140459222.png

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека СДСМ е против измените на Законот за јавни набавки, бидејќи со овие измени власта носи измени со кои ќе може полесно да и поминат сите можни механизми за коруптивни и сомнителни зделки. 

Филипче појасни дека владата на ВМРО сака да ги зголеми можностите за трошење јавни пари без тендери, да ја укине контролата врз постапките и да го отежне пристапот до јавните информации. Со предложените измени на Законот за јавни набавки се отвораат дополнителни можности за договори во четири очи, се намалува транспарентноста и се обесхрабруваат фирмите да пријавуваат неправилности.


„Ние имаме забелешки, а тоа е зголемување на лимитот на пари за набавки без тендер од пет на десет илјади евра за градежни работи, од илјада на две илјади евра за стоки. Десет илјади евра може да потроши било кој функционер каде сака, кога сака, без никаква контрола и без да даде отчет на никој. Тоа се предлага во Законот за јавни набавки”, рече Филипче.

Филипче предупреди дека со измените се укинува обврската за добивање согласност од Бирото за јавни набавки при постапките со преговарање без објавување оглас. На тој начин се отвора можноста за склучување договори во четири очи, без соодветна контрола.

„Понатаму се укинува обврска којашто е воведена во 2019 година да се бара согласност од Бирото за јавни набавки за постапки за преговарање без оглас и со ова се отвара неограничена можност да се прават набавки со договор во четири очи, без апсолутно никаква контрола. Понатаму се зголемува сумата на паринадоместок за поднесување жалба од сегашните пет до 200 евра на 150 до 600 евра”, рече Филипче.

Филипче предупреди дека зголемувањето на надоместоците за жалби директно ќе ги погоди помалите компании и ќе ги обесхрабри да реагираат кога ќе забележат неправилности во постапките за јавни набавки.

„Целта е да се обесхрабрат фирмите, посебно помалите, да не може да се жалат за постапките затоа што ќе им биде скапо. Понатаму, пристапот до јавни податоци беше бесплатен. Секој еден новинар, граѓанска организација, секој граѓанин можеше да има увид во формат некој погоден за обработка, а со измените сега треба да се плати на Бирото за јавни набавки и затоа, користејќи ја нашата законска можност, ние поднесовме две илјади амандмани со цел да го блокираме законот да не помине”, рече Филипче.

СДСМ поднесе 2.000 амандмани со цел да го блокира носењето на измените и да спречи намалување на контролата врз трошењето на јавните пари. Филипче посочи дека власта сега се обидува со нов маневар да го избегне блокирањето на законот, повлекувајќи само дел од одредбите што не ѝ одговараат односно забелешките на претседателката Силјановска Давкова за мандатите на членовите во комисиите. 

„Денеска утрово слушнавме дека тој член би го повлекле припадниците на организираната криминална група и со тоа овој закон ќе помине. Зошто? Затоа што повторно сакаат да направат трик, да не важат нашите две илјади и сто амандмани со кои овој закон би го блокирале. Ете за таква власт станува збор. Се ќе направат, ќе тргнат некои работи коишто помалку им сметаат само за да им поминат сите можни механизми за коруптивни и сомнителни зелки”, рече Филипче.

Можете да прочитате

Директорот на Царина и претседателот на Врховниот суд потпишаа Договор за електронска размена на податоци

Поранешен студент оставил писмени закани за деканот и професорите на тетовскиот универзитет

Од денеска до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка