Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Foto 4.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

На средбата членовите на Комисијата ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со тековните активности, обемот на поднесените претставки, донесените одлуки и бројот на досега утврдените случаи на дискриминација. Во таа насока ја потенцираа нивната заложба за транспарентност, достапност и проактивност во елиминирање на сите видови дискриминација и промоција на човековите права.

Нагласувајќи ја исклучително важната улога на КСЗД, како самостоен и независен орган, претседателката Сиљановска Давкова ја изрази нејзината безусловна поддршка на активностите за спречување и заштита од дискриминација на граѓаните, како основен предуслов за градење демократско општество.

На средбата присуствуваа претседателот на Комисијата Игор Јадровски, заменик претседателот Лимко Бејзароски и членовите Флора Кадриу, Драгана Дрндаревска и Душан Томшиќ.

Можете да прочитате

Спасовски: Најголемата неправда допрва ќе ја почувствуваат семејствата од Кочани

Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на ГП Богородица

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025