Утрински Весник
Македонија

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

20261105172942 big 730x400 53.webp.webp

Криминалната група делувала организирано и нивните активности се вршеле од 2021 година до сега. Значи, дејствувала на територија на Куманово повеќе од 5 години. Некој се охрабрил да напише информација, да ја достави во рамки на полицијата и како полиција постапуваме одлучно, постапуваме по секоја дадена информација и не правиме никаква толеранција ниту кој е извршител на одредени незаконски дејства и прибираме докази и дејствуваме оперативно и со собирање на материјални докази кон секој поединец, без разлика дали се прикриваат зад одредени имиња или групации, рече директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, Александар Јанев, во одговор на новинарско прашање за денешната полициска акција во Куманово каде се работи за сузбивање на група осомничена за лихварство, изнуда и перење пари.

Додаде дека со денешната акција во Куманово ќе биде поднесена кривична пријава против пет лица за кои полицијата има сериозни докази и факти за стореното, како и за целокупната активност која ја извршиле. 


– Направени се претреси кај сите и притоа е пронајдена поголема количина пари и документи што упатува дека лицата се занимавале со позајмување пари, вршеле изнуди и врз основа на тоа предложено е да се прави претрес во нотарска канцеларија во Куманово, а исто така известена е Народна банка, бидејќи се пронајдени финансиски средства кои потекнуваат од менувачница на брат на еден од осомничените. Народна банка таму врши контрола и ревизија за евентуални наоди дали готовината потекнува од менувачницата, истакна Јанев.

Посочи дека во текот на постапката, при претресите, очекува превозните средства и целокупната документација, телефони и сите важни предмети кои може да бидат во интерес на истрагата да бидат одземени, а во координација со надлежен јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан”

Шасивари – О’Калахан: Ирска е важен партнер во унапредувањето на реформите и европската агенда