Утрински Весник
Македонија

Брвеница в недела избира градоначалник: Радичевски и Јахији во вториот круг

Izbori e1735890132532.webp.webp

Жителите на Општина Брвеница в недела, на 1 ноември, повторно ќе гласаат за градоначалник. Во вториот круг се соочуваат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција.

Државната изборна комисија ги утврди конечните резултати од првиот круг откако истекоа роковите за приговори. До Комисијата не бил поднесен ниту еден приговор за гласањето или за утврдувањето и сумирањето на резултатите.


На гласањето одржано на 18 октомври, Радичевски освои 2.945 гласа, а Јахији 2.152. Бидејќи во првиот круг не беше избран градоначалник, одлуката ќе се донесе во повторното соочување на двајцата кандидати.

Право на глас во општината имаат 16.256 граѓани. Во првиот круг гласале 7.572 избирачи, односно излезноста изнесувала 46,58 отсто. Од гласачките ливчиња, 7.411 биле важечки, а 161 неважечко.

Предвремените избори во Брвеница се одржуваат по смртта на градоначалникот Ивица Илиевски, кој почина во јуни годинава. Во првиот круг учествуваа шестмина кандидати — четворица предложени од коалиции и двајца од групи избирачи.

Можете да прочитате

Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина