Утрински Весник
Свет

Премиерот на Грузија до Зеленски: „Подобро да се грижиш за својата земја“

Премиерот на Грузија до Зеленски: „Подобро да се грижиш за својата земја“

Премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили се осврна на поддршката на Володимир Зеленски за протестите во оваа земја и рече дека силно негодува на таквото однесување.

dobivaj vesti na viber

Гарибашвили во програмата на грузискиот канал „ИМЕДИ“ изјави дека украинските политичари директно се мешаат во внатрешните работи на Грузија.

„Го спомнавте апелот на Зеленски. Кога човек во воена состојба ќе најде време да ги коментира активностите што ги спроведуваат неколку илјади луѓе овде, тоа е директен доказ дека е мотивиран да направи нешто овде да се случи, некои промени“, рече премиерот на Грузија.

Тој не штедеше критики на сметка на други украински политичари и аналитичари.

„Кличко, Фејгин и некои други нејасни луѓе ги коментираа протестите во јавноста. Излегоа и Арахами и некои несреќни губитници кои велат дека се потребни промени, државен удар. Ова е директно мешање во внатрешните работи на Грузија“, рече Гарибашвили.

На крајот, тој рече дека владејачката партија „Грузиски сон“ нема да дозволи отворање на нов фронт во Грузија, со кој би се соочила Русија.

Можете да прочитате

Првиот лет на електрично летачко такси е завршен – Наскоро ќе лета над Дубаи

По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак