Утрински Весник
Спорт

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Барселона повторно се наоѓа во незавидна ситуација откако судот ја поништил регистрацијата на Гави во клубот, оставајќи можност 18-годишниот талент да замине од клубот како слободен играч.

dobivaj vesti na viber

Тинејџерот потпиша нов договор со каталонскиот гигант оваа година, но тој договор ќе станеше активен само ако тој биде регистриран во првиот тим пред крајот на сезоната. Според шпанските медиуми, судот во Барселона ја тргнал привремената одлука за регистрација на Гави поради тоа што ја поднеле еден ден подоцна од предвидениот рок.

Доколку не биде регистриран пред 30 јуни, тој ќе биде слбооден играч, а во меѓувреме може да продолжи да игра со договорот за јуниорскиот тим. Уште не се знае какви ќе бидат последиците од овој факт, но се предвидува дека тоа ќе значи дополнително ограничување на буџетот на плат иод Ла лига.

Ова е уште еден проблем за каталонскиот клуб, кој доаѓа по истрагата за нелегалните исплати кон поранешниот заменик претседател на судиската комисија во Шпанија.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами