Утрински Весник
Македонија

Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Slika.jpg

Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина.

Црвениот крст донесе вода.


Рампите за паркинг се кренати, паркирањето е бесплатно.

Во оваа болница се хоспитализирани 29 пациенти.

Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св.Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.

-Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи, рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило.

-Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.

Можете да прочитате

Заматена водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови 

Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

Србин, Турчин и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои и малолетници, уапсени за дрога