Утрински Весник
Македонија

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник

Foto 7.jpeg

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција.

Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, преставниците на Месната заедница Галичник преводени од претседателот Огнен Караѓозовски презентираа иницијатива за зачувување, унапредување и ставање во функција на објекти од исклучително историско, културно и општествено значење за Галичник.


Иницијативата опфаќа активности за заштита и ревитализација на вила „Доста”, Културниот дом, Административниот објект и Галичка фурна.

Учесниците на настанот, покрај објектите опфатени со иницијативата, посетија и повеќе знаменитости на Галичник, како што се традиционалната галичка куќа „Филиповска”, црквата „Св. Петар и Павле”, каде беше направен осврт на Галичката свадба како една од најпрепознатливите културни манифестации, куќата на Ѓоргија Пулевски и црквата „Света Петка”.

Сиљановска-Давкова во обраќањето пред присутните рече дека Галичник е многу повеќе од музеј под отворено небо, бидејќи неговото наследство живее во камените куќи, црквите, песните, обичаите и во спомените на генерациите кои постојано му се навраќаат. За неа, секој вложен напор во Галичник претставува вложување во заедничкото културно наследство и во иднината на државата.

Поздравувајќи ја иницијативата на Месната заедница Галичник, таа повика на пошироко партнерство меѓу државните институции, локалната самоуправа, деловната заедница, иселеништвото и сите поддржувачи на културното наследство за да се обезбеди долгорочна заштита и развој на Галичник.

Сиљановска-Давкова порача дека зачувувањето на Галичник не значи само грижа за минатото, туку и создавање инспиративна основа за иднината, покажувајќи дека традицијата и напредокот можат успешно да чекорат заедно.

На настанот, Месната заедница Галичник ѝ додели посебно признание на претседателката Сиљановска-Давкова за покровителството, поддршката и личниот придонес во афирмацијата на Галичник и Галичката свадба, како и за поддршката на иницијативите насочени кон зачувување на културното наследство и развојот на Галичник. 

Можете да прочитате

30 дневен притвор за Илчо Горѓиоски, пет лица во бегство

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра

Алиу: 157 нови вработувања и инвестиција од 74 милиони евра за модерна болница во Тетово