
Соопштение за јавност на СДСМ:
Христијан Мицкоски денес се обиде да се скрие зад Украина и Молдавија и да ја обвини македонската опозиција дека работи против сопствената држава.
Тоа не е само безобразно, туку и крајно лицемерно.
Прво, Мицкоски не сака Македонија да влезе во Европската унија. Тој свесно ја држи земјата во изолација затоа што знае дека вистинскиот европски пат значи крај за неговата криминална структура која ја презеде контролата врз државата.
Додека Украина и Молдавија напредуваат кон Европа, тој Македонија ја држи назад за да се заштити себеси и своите луѓе.
Второ, наместо да ги спроведе реформите што самиот ги вети и кои требаше да бидат завршени до 1 јуни, Мицкоски нема никакви резултати. Затоа сега ја напаѓа опозицијата – за да го прикрие сопствениот неуспех и отсуството на каков било план за европскиот пат.
Трето, споредбата со Украина и Молдавија е срамна. Владите во тие земји не работат за Александар Вучиќ, не го блокираат сопствениот европски пат заради интересите на криминални структури и руски влијанија.
Тие не соработуваат со Виктор Орбан, не земаат кинески кредити преку трети држави и не испраќаат членови на владата да преговараат за интереси на Кина, додека нивните земји се членки на НАТО.
Македонската опозиција не работи против државата. Опозицијата работи против политика која Македонија ја држи надвор од Европа, која ја штити корупцијата и која личните и партиските интереси ги става над националните.
Мицкоски нема што да покаже од резултати на европскиот пат. Затоа користи секоја прилика да ја напаѓа проевропската опозиција и да го дели општеството.
Тоа е неговиот стил – стил на човек кој наместо да гради, се обидува да уништи се што не може да го контролира.
Неговите споредби со Украина и Молдавија се само евтин и неуспешен обид да го прикрие сопствениот страв од Европската унија и сопствениот политички неуспех.



