Утрински Весник
Македонија

30 дневен притвор за Илчо Горѓиоски, пет лица во бегство

Ilco gorgioski.webp.webp

Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч.

Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н.


Од Кривичниот суд информираат дека дополнително судот треба да се произнесе за мерките што треба да се донесат за петмината кои се во бегство, односно за определување на мерка притвор за двајца и мерки на претпазливост за три лица.

Во акцијата на Обвинителството за организиран криминал и корупција опфатени се 18 лица од кои 12 се приведени. Од 12-те приведени, Обвинителството бараше притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица. Тие се сомничат за проневера на повеќе од 180 милиони денари во ФФМ.

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во координација со Управата за финансиска полиција и МВР, извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје, при што од слобода беа лишени 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, а пет лица во моментот се недостапни за органите на прогонот. Муамед Сејдини беше уапсен во април годинава и му беше определен притвор поради основано сомневање дека сторило кривично дело проневера во службата со парични средства поврзани со изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Акцијата е резултат на претходно поднесена кривична пријава против три лица вработени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), управители, сопственици и овластени лица на правни субјекти, како и против самите правни лица, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела и проневера на 2,4 милиони евра.

Можете да прочитате

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра

Алиу: 157 нови вработувања и инвестиција од 74 милиони евра за модерна болница во Тетово