Утрински Весник
Балкан

Пијан возач во Белград усмртил татко, мајка и двегодишно дете

Srpska policija.jpg

Синоќа во Нов Белград, пијан возач кој возел со голема брзина и поминал на црвено светло, усмрти тројчлено семејство – татко, мајка и деветгодишно дете.

Несреќата се случила околу 01:00 часот наутро, на крстосницата на Булеварот Херои од Кошара и Улицата на младинските бригади, во близина на Кула West 65.


Според првичните информации, возачот бил под дејство на алкохол и изгубил контрола над возилото, при што со голема сила удрил во автомобилот на семејството. Од ударот е срушен столб на јавната расвета, а автомобилот е целосно уништен.

На местото на несреќата, екипите на пожарната и Итната помош нашле три тела покриени со бели чаршафи, додека две лица преживеале со тешки повреди и се пренесени во болница.

Возачот веднаш е уапсен и му е определено задржување до 48 часа. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во сообраќајот со смртен исход.

Можете да прочитате

САД го ратификуваа договорот за заем од 302  милиони долари со Албанија

Во Црна Гора нема да се гради прифатен центар за мигранти од земјите на ЕУ

Хорор во Белград: Пронајдена мртва Русинка во куфер, уапсен турски државјанин