Утрински Весник
Свет

Tројца загинати и 29 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Ukraina napad kiev.jpg

Во напад со руски беспилотни летала врз Киев загинаа три лица, изјави денеска градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

„Според првичните извештаи, три лица се убиени, а 27 се повредени (вклучувајќи 6 деца)“ во киевскиот округ Десњански, објави Кличко на Телеграм.


„Главниот град беше нападнат од непријателот по вторпат во изминатите 24 часа. Три лица беа убиени“, се вели во соопштението на службата на Телеграм.

Спасувачите работат на последиците од нападот со беспилотно летало во округот Десњански, каде што избувнаа пожари. Беспилотно летало удрило во деветкатна станбена зграда, при што 13 лица беа спасени од горните катови. На друго место, беспилотно летало удрило во 16-катна зграда, кршејќи прозорци од првиот до деветтиот кат, соопштија службите за вонредни ситуации.

Според извештаите, дрон оштетил и зграда во областа Оболонски.

Можете да прочитате

Смртоносниот вирус „Марбург“, повторно откриен во Африка, убива до 80 проценти од заразените пациенти

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА: Обилните дождови и ветришта прават проблеми

Поларен вртлог носи „декември за паметење“