Утрински Весник
Македонија

ОЈО бара притвор за битолчанецот што ја претепа својата девојка

Nasilstvo 1.jpg

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото.


Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица. Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.

Можете да прочитате

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?

Филипче: Се сомневаме дека целиот процес за влезот на Алта банка бил договорен

Левица: Додека цените на храната рушат рекорди, ДПМНЕ нѐ убедува дека сѐ е бајковито во третата европска економија