Утрински Весник
Македонија

Петровска денеска ја поднесува кандидатурата за претседател на СДСМ

E8e804ad A8c6 4e61 9fb3 896492e08d43.jpeg

Доскорешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска денеска во 10:30 часот ќе ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ.

Петровска до органите на партијата ќе поднесе лична и партиска биографија како и Програма за работа во следните четири години, насловена како „Манифест“.

Петровска доаѓа од Општинската организација на СДСМ во Бутел и е долгогодишен член и функционер на СДСМ.

Пред да стане министерка, таа беше пратеничка, а во 2020 година беше и дополнителен заменик министер за внатрешни работи во тогашаната преодна Влада.

Петровска ја извршува функцијата претседавач на Централниот одбор на СДСМ од jануари 2024 година.

Можете да прочитате

Младо момче најдено мртво на плажа во Струга

СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

(Видео) Еве како беа запалени автомобилите на бугарската амбасада