Утрински Весник
Македонија

Петровска – Аџиќ: Заедничка посветеност на регионалната безбедност

Петровска – Аџиќ: Заедничка посветеност на регионалната безбедност

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го прими министерот за внатрешни работи и вршител на должноста министер за одбрана на Црна Гора, Филип Аџиќ, со кого разговараше за безбедносната состојба во регионот, како и за интензивирање на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, како две сојузнички земји во Алијансата.

dobivaj vesti na viber

„ Северна Македонија и Црна Гора како членки на НАТО имаат одговорност и обврска да ги штитат мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Најдобар одговор на безбедносната нестабилност предизвикана од руската агресија врз Украина е уште посилната и посеопфатна одбранбена соработка која придонесува за зголемување на капацитетите на двете Армии и зајакнување на интероперабилноста со сојузниците“, истакна министерката на средбата.

Двајцата министри се заложија за продолжување на соработката во доменот на школувањето и обуките. Министерот Аџиќ, пак, се заблагодари за можноста за обука на припадниците на Војската на Црна Гора на армискиот полигон „Криволак“.

Министрите се осврнаа и на справувањето со хибридните и сајбер закани, особено имајќи предвид дека сме сведоци дека цел на напади се и држави од регионот, земји членки на НАТО. Петровска и Аџиќ се согласија дека остануваат посветени на развојот на билатералната одбранбена соработка и дека и двете земји како НАТО – членки, претставуваат столб на безбедноста во регионот.

На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се школуваат и питомци од Црна Гора, што е доказ за нејзиниот квалитет и приказ на доверба од Црна Гора дека Воената академија продуцира офицери со воени и лидерски вештини. Во моментов на Академијата се школуваат 15 питомци од Црна Гора.

Северна Македонија и Црна Гора во областа на одбраната соработуваат од 2007 година, кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Планот за билатерална соработка за 2022 година предвидува 17 заеднички активности, од кои 11 се во Северна Македонија, а 6 во Црна Гора. Во овој план се опфатени средби на највисоко ниво, билатерални консултации, експертски разговори во одбранбената политика, набавките и модернизацијата, како и школувањето на питомци на Воената академија.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“