Утрински Весник
Спорт

Проблем за Луис Енрике – се повреди Гаја

Проблем за Луис Енрике – се повреди Гаја
300x250 (7)

Хосе Луис Гаја (27), левиот бек на Валенсија и на шпанската репрезентација, се повреди на последниот тренинг на репрезентацијата пред летот за Катар. Шпанија за шест дена ќе го одигра привот натпревар на Светското првенство. Во групата се и Германија и Јапонија, која во нокаут фазата се среќава со Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Гаја, кој одигра 16 натпревари за националниот тим, постигна три и асистирал за четири гола, дебитираше за Шпанија пред четири години против Хрватска во големата победа од 6:0.

300x250 (7)

Гаја не можеше да го заврши тренингот во Јордан, од каде беше испратен на медицински тестови. Првите резултати покажале истегнување на десниот скочен зглоб, а Фудбалскиот сојуз на Шпанија соопшти дека неговата состојба будно ќе се следи во текот на денот.

Дали ќе може да игра во Катар ќе биде познато во текот на денот, кога ќе пристигнат резултатите од магнетната резонанца.

Доколку резултатите на Гаја се лоши, според медиумите, селекторот Луис Енрике, наместо него ќе го повика, Алехандро Балде.

Левиот бек на Барселона пред еден месец наполни 19 години, а летото минатата година потпиша договор со откупна клаузула од 500.000.000 евра. Оваа сезона во Ла Лига, кај Чави има предност пред искусните Џорди Алба и Маркос Алонсо.

Ss1

Можете да прочитате

Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Обрадовиќ: Ова е мој клуб, мој град, на ниту едно друго место не е како во Партизан