Утрински Весник
Магазин

Пит Дејвидсон во љубовна прегратка со Емили Ратајковски

Пит Дејвидсон во љубовна прегратка со Емили Ратајковски

Пит Дејвидсон ја потврди најновата романса со супермоделот Емили Ратајковски, и тоа го направи на својот роденден, со прегратка полна љубов.

dobivaj vesti na viber

Комичарот и манекенката синоќа заедно го прославија неговиот 29. роденден.

Поранешната ѕвезда на Saturday Night Live и 31-годишната манекенка, а во поново време и актерка, беа забележани пред станот на Емили во Вест Вилиџ, Њујорк.

Ова се случува неколку месеци откако Пит ја прекина деветмесечната романса со Ким Кардашијан, а Емили се раздели од својот сопруг.

Всушност, младиот комичар има долга историја со некои од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот – Аријана Гранде, Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, Маргарет Квали и Фиби Диневор.

За Пит велат дека не изгледа воопшто привлечно и не може да се спореди со најголемите холивудски заводници, но се чини дека некои од најубавите жени не можат да одолеат на неговиот шарм.

Повеќето ја нагласуваат неговата искреност и добрина, но и одличната смисла за хумор – одлики кои неретко можат да бидат поважни од физичкиот изглед.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност