Утрински Весник
Македонија

Пензионерите бараат минималната пензија да изнесува 70 отсто од минималната плата

Penzii Penzioneri.jpg

Пензионерите кои протестираа и бараа линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари денеска на средбата во Свети Николе го презентираа нивниот предлог Закон со кој бараат минималната пензија да се поврзе со минималната плата.

Авторот на законското решение Миле Тасевски појаснува дека тие бараат минималната пензија да биде 70 отсто од минималната плата, а истото да биде и за просечната плата, односно пензија. Дополнително во новиот Закон се предвидува наместо 15 години работен стаж, пензионерите да добиваат пензија со пет години работно искуство. Во однос на старосната граница промени нема.

– Основата на нашиот Закон, прво се врзуваме со минималната плата. Ние сакаме 70 отсто од минималната плата да добива пензионерот – вели Тасевски.

Пензионерите благодарност упатија и до премиерот Христијан Мицкоски за најавата дека пензионерите ќе добијат покачување од пет илјади денари, половина во месец септември и половина во месец март, наредната година.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни се пет пожари – Покрај хеликоптерите денеска се активираат и ер-тракторите

Мицкоски: Направивме се како народ, ред е на Европа да направи нешто за возврат

Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети