Утрински Весник
Македонија

Татко и син нападнале доктор и медицинска сестра пред поликлиниката „Јане Сандански“

Janesandanskibolnica.jpg

Доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош биле физички нападнати пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Според пријавата, во нападот учествувале татко и син.

По инцидентот реагираше Лекарската комора, која остро го осуди насилството врз здравствените работници и побара итна реакција од надлежните институции.


Од Комората апелираат до Министерството за внатрешни работи и правосудните органи што поскоро да го расчистат случајот и да преземат соодветни мерки против одговорните лица. Воедно потсетуваат дека физички напад врз здравствен работник при извршување на службените задачи претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години.

„Недозволиво е докторите и медицинскиот персонал да бидат изложени на физичко и вербално насилство и да работат во услови на загрозена безбедност“, посочуваат од Лекарската комора.

Комората најави дека на нападнатите здравствени работници ќе им обезбеди правна и психолошка поддршка, а истовремено побара засилување на мерките за заштита на медицинскиот персонал.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година