Утрински Весник
Балкан

Денеска ќе се распишат претседателските избори во Србија

Srbija sobranie.jpg

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, денеска напладне ќе ги распише изборите за претседател на државата.

Законот за претседател во Србија предвидува дека, доколку мандатот на претседателот на Републиката заврши пред времето за кое е избран, изборите се распишуваат така што гласањето ќе се одржи најдоцна три месеци од денот кога ќе заврши мандатот на претседателот.


За ден на гласање се одредува неработен ден.

Редовни избори за претседател на Србија се одржуваат на секои пет години. Мандатот на претседателот завршува пред истекот на рокот во случај на оставка или одлука за негово разрешување.

Можете да прочитате

Курти од Брисел: Косово очекува кандидатски статус за членство во ЕУ

Уапсен главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ

Бомба фрлена врз куќата на директор на срспка државна компанија