Утрински Весник
Свет

Пентагон открива зголемена стапка на рак кај воените пилоти и екипажот

Пентагон открива зголемена стапка на рак кај воените пилоти и екипажот
300x250 (7)

Студијата на Пентагон откри висока стапка на рак кај воените пилоти и за прв пат покажа дека екипажот што ги одржува авионите, исто така, заболуваат од рак.

dobivaj vesti na viber

Овој податок долго време го бараа пензионираните воени авијатичари кои со години укажуваа на колегите за кои знаеле дека имаат рак.

Ss1

Им беше кажано дека претходните воени студии утврдиле дека тие не се изложени на поголем ризик од општата популација на САД.

Во едногодишното истражување на речиси 900.000 војници кои летале или работеле на воени авиони помеѓу 1992 и 2017 година, Пентагон открил дека членовите на екипажот на летот имале 87 отсто поголема стапка на меланом и 39 отсто поголема стапка на рак на тироидната жлезда.

Мажите имале 16 отсто поголема стапка на рак на простата, а жените имале 16 отсто поголема стапка на рак на дојка.

Севкупно, летачките екипажи имале 24 отсто поголема стапка на сите видови рак, објави АП.

Студијата покажа дека копнените екипи имале 19 отсто поголема стапка на рак на мозокот и нервниот систем, 15 отсто поголема стапка на рак на тироидната жлезда и 9 отсто поголема стапка на рак на бубрезите, додека жените имале седум отсто поголема стапка на рак на дојка.

Вкупната стапка на сите видови на рак меѓу копнените екипи беше три проценти повисока.

Студијата укажа и на некои позитивни детали. Копнената и воздушната екипа имаа далеку пониски стапки на рак на белите дробови, а авионската екипа имаше помали стапки на рак на мочниот меур и дебелото црево.

Оваа анализа ги спореди податоците за воздухопловците со општата популација на САД по прилагодувањето на возраста, полот и расата,пренесуваат медиумите.

Ss1

Можете да прочитате

Бебе спасено од стомакот на мртвата мајка во Газа не е само, доби и име

ОН повикаа на истрага за масовните гробници во две болници во Газа

(ВИДЕО) Страшни поплави во Кина: Повеќе од милион луѓе во состојба на готовност