Утрински Весник
Свет

Убиени истражител за висока корупција и неговиот син во Јужна Африка

Убиени истражител за висока корупција и неговиот син во Јужна Африка

Јужноафриканскиот истражител Клои Мареј (50), кој истражувал случаи на корупција на високо ниво, бил убиен во Јоханесбург заедно со неговиот 28-годишен син Томас, правен советник.

dobivaj vesti na viber

Мурај, кој беше ликвидатор на „Босаса“, компанија вмешана во бројни скандали со државни договори, е убиен во саботата од непознати вооружени лица, објави денеска Би-би-си.

Мареј, исто така, работел како ликвидатор на фирми поврзани со богатите браќа Гупта.

Полицијата соопшти дека ќе испита дали има поврзаност помеѓу убиството на Мареј и истрагите за корупција.

Полицијата соопшти дека Мареј починал во болница од здобиените повреди, додека неговиот син починал на местото на настанот.

Работата на Мареј како ликвидатор на компании назначен од судот беше да ги испитува сметките на компаниите што биле затворени, да враќа имот и да пријави каква било криминална активност.

Една од нив беше државната компанија за затворски услуги Босас, за која комисијата за корупција утврди дека силно поткупувала политичари и владини претставници за да добијат владини договори за време на деветгодишното владеење на Џејкоб Зума од 2009 до 2018 година.

Зума одби да соработува со истрагата, но ги отфрли обвинувањата за корупција.

Актуелниот јужноафрикански претседател Сирил Рамафоса во 2018 година изјави дека ќе ја врати донацијата од 35.000 долари што ја добил од „Босаса“.

Мареј откри дека Зума го довел во заблуда парламентот за донацијата, но тоа откритие го поништи Вишиот суд на Јужна Африка.

„Босаса“ отиде во доброволна ликвидација откако банките ги затворија нејзините сметки.

Мареј, исто така, работеше како ликвидатор на фирми поврзани со браќата Гупта, а комисијата за корупција откри дека браќата – Аџеј, Раџеш и Атул – се обиделе да влијаат на политичките и економските одлуки додека Зума беше претседател.

Браќата Гупта се преселиле од Индија во Јужна Африка во 1993 година и поседувале голем број компании кои имале профитабилни договори со јужноафриканските министерства и државни компании.

Јужноафриканските власти моментално работат на екстрадиција на браќата Гупта од Обединетите Арапски Емирати, каде што беа уапсени.

Тие ги отфрлија обвинувањата дека дале мито за да добијат договори,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите