Утрински Весник
Свет

Папата во последен момент го откажа учеството во поворката на Патот на Крстот

Papa.jpg

Папата Франциск (87) денеска во последен момент го откажа учеството на поворката „Патот на крстот“ во Римскиот Колосеум поради здравствени проблеми, соопшти Ватикан.

„За да го зачува своето здравје со оглед на утрешното Велигденско бдение и неделната велигденска миса, папата Франциск вечерва од Куќата на Света Марта ќе го следи Крстниот пат во Колосеумот“, соопштија од Ватикан.

Куќата на Света Марта е резиденција во која живее папата Франциск.

Франциск претходно денеска ја водеше мисата на Велики петок во базиликата Свети Петар.

Папата треба да го води Велигденското бдение на Велика сабота, а потоа да ја води велигденската миса во недела и да ја прочита својата порака и благослов „Урби и орби“ (Кон градот и светот), што Папата го прави двапати годишно од централен балкон на плоштадот Свети Петар.

87-годишниот папа има респираторни проблеми и тешко се движи.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена