Утрински Весник
Култура

Отворена поставка на дела од Ѓорѓи Чулаковски Ѓото во КИЦ Битола

Отворена поставка на дела од Ѓорѓи Чулаковски Ѓото во КИЦ Битола

Со синоќешното отворање на поставката на дел од творечкиот опус во КИЦ Битола, на познатиот битолски и македонски ликовен уметник Ѓорѓи Чулаковски Ѓото, насловена како „Симболи и нови контексти – графичкото творештво на инспирација за екфрастичка поезија“ се реализира една благородна иницијатива за трајно отстапување и поставување на дела од овој голем и признат македонски графичар во поставка која ќе биде достапна за јавноста.

dobivaj vesti na viber

Благодарение на отвореноста на неговата сопруга Верица Чулаковска, која се јавува и како куратор на изложбата, КИЦ Битола со поддршка на Министерство за култура го реализира овој проект од национално значење.

Ова воедно претставува и гест на паметење и почит, кој уметникот кој е по потекло од Битола, иако неговите дела ги украсуваат галериите на речиси сите светски метрополи. На отворањето пристутни беа ликовни уметници, дел и негови ученици, членовите на Битолскиот книжевен круг кои инспирирани од нелата на Ѓото создадоа поезија, како и бројни гости.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“