Утрински Весник
Култура

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

Sednica Na Nacionalna Komisi A Na Unesko 1.jpg
Ss2

Северна Македонија во 2023 година продолжи посветено да работи на зачувување на статусот на Охридскиот Регион и на исполнување на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО и неговите советодавни тела во 2017 и во 2020 година, беше нагласено на денешната, шестата седница на Националната комисија за УНЕСКО.

На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која се осврна на Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на Одлуката на Комитетот за светско наследство.

Ss1

„Потврдувајќи го отворениот и партнерски однос на Република Северна Македонија и на Република Албанија кон Центарот за светско наследство и советодавните тела, во јануари 2024 година побаравме заедничка Реактивна мониторинг мисија на Центарот за светско наследство на УНЕСКО и советодавните тела, што ќе се реализира кон крајот на март 2024 година”, информираше Костадиновска-Стојчевска, која дополни дека мисијата ќе се реализира за да се процени моменталната состојба со природното и културното наследство на Охридскиот Регион со насоки за идните активности со цел соодветна заштита на наследството.

Членовите на Националната комисија беа информирани и за ревидираниот Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2023 – 2030). Во таа насока, министерката за култура потврди дека во постапката за ревидирање на Стратегискиот план, кој го изработи експертски тим од двете држави, се имплементирани и укажувањата, забелешките и препораките содржани во мислењето на советодавното тело на УНЕСКО – Меѓународната организација за споменици и места ИКОМОС.

Овие важни документи, по доставувањето до Центарот за светско наследство, ќе бидат и јавно објавени на веб-страниците на Министерството за култура и на Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе биде разгледана на 46. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што треба да се одржи во јули 2024 година, кога и ќе следува донесување на нова одлука за статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион”, информираше Костадиновска-Стојчевска.

На денешната седница на Националната комисија на УНЕСКО беа разгледани и рангирани проектите доставени на Повикот за поднесување предлог-проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2024 ‒ 2025 година.

Министерката Костадиновска-Стојчевска информираше дека во дадениот рок на повикот, кој беше објавен на веб-страниците на Министерството за култура и на Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата, пристигнаа девет предлог-проекти од програмските области: образование, наука, култура и животна средина.

На седницата свое обраќање имаше и Зоран Павлов, в.д.директор на Управата за заштита на културното наследство, кој учествуваше во изработката на Извештајот, и беше дел од тимот за ревидирање на Стратегискиот план, кој ги појасни преземените активности од сите надлежни институции кои имаат ингеренции во заштитата на Охридскиот Регион. 

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Агенцијата за филм на Берлинале, првпат со штанд на Европскиот филмски маркет