Утрински Весник
Македонија

Османи за македонските ученици во Турција: Траумата ќе ги следи, но сите се добри, ноќеска ми испратија слика

Османи за македонските ученици во Турција: Траумата ќе ги следи, но сите се добри, ноќеска ми испратија слика
Ss2

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ноќеска добил фотографија од групата од осуммина ученици и нивниот ментор од Тетово, Гостивар и Маврово – Ростуше кои во моментот на земјотресот во Турција беа во погоденото подрачје. Вели дека сите за здрави и веќе на пат кон Анкара од каде утре ќе тргнат за Македонија.  Со нив се и учениците кои побарале лекарска помош од кои едниот е имобилизиран, а другиот било утврдено дека нема повреди.

dobivaj vesti na viber

„Утринава два часот по полноќ, нашиот дипломат ми испрати слика со учениците, сите се здрави, добри и веќе се тргнати накај Анкара. Вечерва ќе останат таму па ќе тргнат со автобус за Скопје. Повредениот, кој добил здравствена грижа, нема потреба од хируршка интервенција. Сите се на пат за Анкара, сликата покажува дека се добри. Траумата од преживеаното сигурно ќе ги следи, но добри се. Од двајцата кои побарале лекарска помош едниот има имобилизиација на екстремитет, се сметаше сека има тешка повреда, скршеница но прегледот покажа дека нема повреда, туку само е имобилизиран, а другиот само бил прегледан“, рече министерот Османи.

300x250 (7)

Учениците и нивниот ментор престојуваа во Турција преку програмата „Ерзамус плус“. Кога ќе стигнат во земјава сите ќе си одат дома, министерот Османи рече дека за ниту еден од нив не се договара лекарски преглед.

Османи најави дека договорената помош за Турција веднаш ќе биде испратена. Утрово било договорено да тргне екипа од Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана да ги испрати средствата, а исплатат веднаш да ја направи и Министерството за финансии.

Владата синоќа одлучи да испрати помош од 100.000 евра, медицински лица и опрема во Турција по вчерашните разурнувачки земјотреси.

Ss1

Можете да прочитате

Седми претседателски избори – 24info.mk

Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи

ДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До крајот на денов врнежливо на повеќе места низ Македонија – Повремени врнежи од дожд ќе има и во Скопје