Утрински Весник
Спорт

Платата на Манчини еден од клучните докази против Манчестер сити

Платата на Манчини еден од клучните докази против Манчестер сити
Ss2

На Манчестер сити му се заканува драстична казна, па дури и исфрлање од лигата поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј на Премиер лигата во период од девет години. Веста беше објавена вчера, а многу експерти сметаат дека Сити тешко ќе се извлече од ова, како што беше случајот со казната на УЕФА.

dobivaj vesti na viber

„Атлетик“, објави документи од „Фудбал Ликс“ и други извори кои беа еден од основите на истрагата во Премиер лигата, кои докажуваат дека Сити ги пркажувале лажни бројки во финансиските извештаи и се обиделе да ги скријат загубите за да биде се во границите на финансискиот фер-плеј.

300x250 (7)

Еден од клучните докази, според медиумите, е со Роберто Манчини, кој го водеше Сити од 2009 до 2013 година. Клубот пријавил дека италијанскиот стручњак имлл плата од 1,5 милиони евра по сезона, но утврдено е добил дополнителни два милиони „под маса“.

Манчини ја отворил компанијата „Italian International Services“, со која имал договор со клубот Ал Џезира за советодавни услуги. Компанијата на Манчини му издавала квартални фактури на Ал Џезира, која на тој начин му плаќала нешто повеќе од 1,9 милиони евра по сезона.

Тие докази беа искористени и во истрагата на УЕФА, по што Сити беше казнет со двегодишна забрана за настап во Европа и 30 милиони евра, која подоцна Меѓународниот спортски суд (CAS) ја намали на само десет милиони евра парична казна.

Ss1

Можете да прочитате

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот

Ѓоковиќ ја започна 422-та недела на првото место на АТП листата