Утрински Весник
Македонија

Османи: Од нас самите зависи дали ќе се реализира целта – полноправно членство во ЕУ до 2030

Османи: Од нас самите зависи дали ќе се реализира целта – полноправно членство во ЕУ до 2030

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес учествуваше на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, кој за првпат се одржа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во своето излагање, Османи нагласи дека земјата е целосно посветена на започнатиот преговарачки процес кој веќе три децении е наша стратешка реалност и имплементација на европската агенда, со акцент на постигнувањето консензус меѓу политичките партии за клучните области од реформите. Од нас самите зависи дали ќе се реализира нашата цел – полноправно членство во ЕУ до 2030.

Османи истакна дека нашата држава останува и натаму конструктивен актер на регионален план, давајќи суштински придонес за натамошно продлабочување на добрососедските односи, регионалната соработка и јакнење на регионалната безбедност.

“Препознаени сме како земја од регионот која негува култура на дијалог и мирно разрешување на споровите и состанокот чии домаќини ќе бидеме утре во Охрид е признание за тоа” рече Османи.

Го предочи активното учество во сите регионални иницијативи, при што Берлинскиот процес е основен двигател на нашата регионална соработка, а Отворен Балкан е наша автохтона регионална иницијатива, комплементарна со Берлинскиот процес.

Истовремено, Османи посочи дека оваа година ни е доверено претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална безбедносна организација, како и со САД – Јадранската Повелба (А5) и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што претставува огромна одговорност за нас во овој даден геополитички момент.

Можете да прочитате

Струмица погодена од невреме, дрво падна врз автомобил

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Од август до сега цената на кафето порасна за 60%