Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ

Foto 2.jpeg

Во пресрет на 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, покровителка на фестивалот, се сретна со директорот Димитрија Доксевски, актер, сценарист и продуцент и со Марија Димитрова, продуцентка и претседателка на Друштвото на филмски работници.

Доксевски и Димитрова ја информираа за импресивната програмска содржина, што брои над 80 филмови и повеќе од 20 едукативни содржини врзани за филмската камера и уникатниот визуелен јазик.


Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300″ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300″, за особен придонес во филмската уметност. За одбележување е повторното доаѓање на полско-американскиот кинематографер и двократен оскаровец Јануш Камински, кој во 2020 година ја прими „Златна камера 300″.

Според претседателката, долговечноста и високите уметнички стандарди и критериуми, го легитимираат „Браќа Манаки” како фестивал од меѓународен формат. Битола, смета таа, кога почетокот и крајот им припаѓаат на македонски филмови, станува светска кинематографска метропола на културен дијалог и натпревар, во којшто рамноправно учествуваме, докажувајќи дека малото може да биде убаво и уметнички големо.

Можете да прочитате

Перински: Нов чекор кон поефикасно лекување и посилна регионална соработка

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка

Две млади девојки се степале во Центар, кај едната полицијата пронашла остар предмет