Утрински Весник
Свет

Трамп: Зеленски предизвикува недостиг на дизел, тоа мора да престане

Tramp 3.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да престане да ја напаѓа руската дизел инфраструктура, велејќи дека нападите предизвикуваат недостиг на дизел.

„Претседателот Зеленски мора да направи едно нешто. Мора да престане да го уништува дизелот во Русија. Нека напаѓа цели, но не и дизел, бидејќи тоа предизвикува недостиг на дизел“, рече Трамп, кој го поминува викендот во Ирска, каде што го гледа голф турнирот Ирска Опен на едно од неговите голф терени.


Украина неодамна изврши серија напади со оружје од долг дострел врз рускиот нафтен и гасен сектор, за кои Киев тврди дека ја финансираат и директно ја поттикнуваат војната на Русија против Украина. Коментарите на Трамп дојдоа откако Русија и Украина продолжија да спроведуваат нови бранови напади со беспилотни летала преку ноќ.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела

Русите го нападнаа украинско-полскиот граничен премин

СДСМ: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите