Утрински Весник
Свет

Одбивањето да им се помогне на мигрантите е „голем грев“, тврди папата Франциск

Papata Francisk.jpg

Пaпата Франциск денеска остро го осуди третманот на мигрантите кои го преминуваат Средоземното Море за да влезат во Европа, велејќи дека одбивањето да им се помогне на мигрантите е „голем грев“.

„Има такви кои систематски и со сите средства работат да не се прифатат мигрантите. А кога тоа се прави свесно и одговорно, тогаш е голем грев“, рече Франциск на аудиенција на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан.

Тој во својот говор повика на проширување на пристапните рути за мигрантите и за „глобално управување со миграцијата засновано на правда, братство и солидарност“, нагласувајќи дека проблемот нема да се реши со „милитаризација на границите“.

Во последниве недели, папата во своите аудиенции ги кажува своите размислувања за католичките духовни прашања.

Меѓународната организација за миграција процени дека од 2014 година, повеќе од 30.000 мигранти исчезнале додека го преминувале Медитеранот

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште две села во источна Украина

Двајца рудари загинаа по уривање на тунел во шпански рудник

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште