Утрински Весник
Македонија

ГРОМ: ВМРО-ДПМНЕ се изрезили со случајот на Јакимовски

Soopshtenie Grom.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на ГРОМ:

Граѓанската опција за македонија – Гром реагира на смешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое нашиот претседател го праќаат да држи пресови на Бихачка оти тие му ја поднеле кривичната пријава. Вмро-Дпмне треба да знае дека:


1. Кривична пријава може да поднесе секој ама судот е тој што ги цени фактите и доказите и го штити секој граѓанин од неоправдана репресија од било кое лице или орган. Во конкретниов случај, таква заштита нашиот претседател нема, напротив Вмро-Дпмне изврши притисок врз судот за да се добие осудителна пресуда;

2. Очигледно дека Вмро-Дпмне кривичните пријави си ги делат на наши и ваши, односно вмровски и сдсмовски и со ова потврдуваат дека ова е политички монтиран процес;

3. Нашиот претседателот ќе прави прес конференција на Бихачка тогаш кога СДСМ на диво ќе изгради објект како што е нивната тераса пред Белата Палата;

4. Кога сме кај кривичните пријави, јавноста сака да знае што стана со вашите кривични пријви поднесени токму во времето на СДСМ? Како вие ги разрешивте? До каде е предметот за Талир 1 и Талир 2 за испраните пари и криминалното финансирање на партијата и Белата Палата. Вмро Дпмне овие 2 случаи ги реши со тоа што го промени обвинителот.

Вмро-Дпмне кога е на власт практицира политички прогон и репресија, а кога е во опозиција лее крокодилски солзи за нивните криминали, корупција и перење пари, дека некој се обидува со нив политички да се пресметува. Во случајот на Стевче Јакимовски, Вмро Дпмне се изрезилија до крај, го испоганија судството, а со ова покажуваат дека и натаму ќе продолжат со политичките притисоци и целосна партизација на правосудниот систем.

Можете да прочитате

Црн чад се издига над Скопје, пожар во кругот на Железара

Косово го затвори Генералниот конзулат во Струга

Цариниците спречија шверц на 200.000 евра на Табановце – парите скриени во торби, ранец и куфер