Утрински Весник
Економија

Од полноќ пониски цени за нафтените деривати

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 % во однос на одлуката од 9.5.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 1,50 денар/л. Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л. Од 14.5.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 86,50 (денари/литар) Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар) Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар) „Мазут М-1 НС“ – 44,007 (денари/килограм) Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,519 %, кај дизелот 1,252 %, кај екстра-лесното масло 1,247 % и кај „мазутот“ намалувањето е 1,663 %. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,151 %.

Можете да прочитате

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Фајненс тинк изразува загриженост за зголемување на дефицитот