Утрински Весник
Македонија

Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова потврдуваат дека е стигната писмена оставка од амбасадорот Фрчкоски

Vila Vodno.jpg

Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за МИА потврдуваат дека е стигната писмената оставка од Љубомир Фрчкоски, кој ја извршуваше функцијата амбасадор и постојан претставник во Обединетите нации.

Оставката, како што објавија дел од медиумите, е доставена и до Министерството за надворешни работи. Фрчкоски на амбасадорката позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година.

Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Неодамна, Фрчкоски беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но како што изјави министерот Тимчо Муцунски, до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.

Можете да прочитате

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски