Утрински Весник
Свет

Британците од идната година ќе можат да купуваат автомобили преку платформата на „Амазон“

Amazon ap22234766150296 cropped 1024x576.avif.avif

Клиентите на „Амазон“ (Amazon) во Велика Британија од почетокот на следната година ќе можат да избираат и да резервираат автомобили преку онлајн-платформата на американскиот гигант за електронска трговија, јави ДПА.

Со тоа компанијата од Силициумската долина за првпат ќе ја прошири услугата „Амазон Аутос“ (Amazon Autos) надвор од САД.


Продажбата на автомобили преку платформата првично ќе започне во партнерство со „Хјундаи“ (Hyundai), при што на клиентите низ Велика Британија на понуда ќе им бидат понудени нови и сертифицирани половни возила.

Корисниците ќе можат да избираат и меѓу половни автомобили што ги нуди британскиот синџир автосалони „Вертју Моторс“ (Vertu Motors), што управува со околу 200 продажни места во земјата. Во „Амазон“ очекуваат наредните месеци на платформата да се приклучат и други автосалони.

Клиентите ќе можат да разгледуваат голем избор достапни автомобили на платформата „Амазон Аутос“, да ги споредуваат понудите и да ги резервираат избраните возила. Купопродажбата, сепак, ќе се финализира во автосалоните. 

Можете да прочитате

Украина нападна руска военовоздухопловна база и оштети пет авиони

ЕУ планира да вложи до 50 милијарди евра во нов технолошки фонд за намалување на зависноста од САД и Кина

Барнам повика пресудата за Бренд да биде „пресвртница“