Утрински Весник
Македонија

Распродаден концертот на Влатко Стефановски во Македонската филхармонија – закажан уште еден настап на неговиот роденден!

Vlatko stefanovski foto.webp.webp

Големиот интерес за концертот на Влатко Стефановски под наслов „Acoustic Night” резултираше со целосно распродадени влезници за настапот закажан на 17 декември во Македонската филхармонија во Скопје.

Поради огромниот интерес на публиката, Влатко Стефановски ќе одржи уште еден концерт на 24 јануари 2027 година – датум кој има посебно значење, бидејќи токму тогаш го прославува својот роденден.


На концертот на 17 декември, на Стефановски на сцената ќе му се придружат врвни музичари: Мирослав Тадиќ, Дамир Имери, Горан Бојчевски, Зарина Првасевда, Maria Didraga, Наум Петрески, Јан Стефановски и Иван Кукиќ.

Публиката и на дополнителниот концерт ќе има можност да ужива во посебна акустична вечер, исполнета со безвременски композиции, виртуозни изведби и препознатливиот музички израз на еден од најголемите гитаристи на овие простори.

Програмата ќе опфати избор од богатата музичка кариера на Стефановски – од култните композиции на „Леб и сол” до најпознатите дела од неговата соло-кариера, во аранжмани што ги спојуваат рокот, џезот, етно и класичната музика.

Фактот што првиот концерт е распродаден уште еднаш ја потврдува големата почит и интересот што публиката ги има за музиката на Влатко Стефановски.

Новиот концерт на 24 јануари ќе биде посебна можност неговиот роденден да се прослави заедно со публиката, со музика, емоции и врвно музицирање.

Информациите за влезниците за дополнителниот концерт се достапни на karti.com.mk.

Можете да прочитате

Локален економски развој како мерило за квалитетот на политичкото управување

СДСМ: Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сè е во ред?

Дожд, снег на планините и засилен ветер: Денеска пристигнува постуден воздух