Утрински Весник
Македонија

Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата 

Kolovoz Zima.webp.webp

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози, а сите патни правци се проодни за сообраќај и се чистат од снег со сета расположлива механизација која активно работи на патиштата низ државата, информира ЈП „Македонија пат“.

-Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите расположливи ресурси на терен активно работи во чистење на патиштата и создавање на услови за непрекинато одвивање на сообраќајот низ цела Македонија. Информираме дека се ангажирани сите дежурни екипи на сите критични превои. Исто така подготвена е цела механизација, потребен број на работници и обезбедни се потребните количества на сол и ризла со цел одржување на непрекинат и безбеден сообраќај – велат од ЈП „Македонија пат“. 
 
Упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот, да возат внимателно, да ја прилагодуваат брзината според условите на патиштата, задолжително да поседуваат  зимска опрема и возењето да го прилагодат согласно временските услови на патот.


Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ го сведе лекувањето на лотарија – пациентите се борат за живот, Клековски за фотелја

ЛДП утре избира претседател  – 24info.mk

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -18 степени