Утрински Весник
Македонија

Од две го четири недели ќе му требаат на Мухамед Зеќири за да дојде на судење, порачал психијатарот

Зеќири сведочеше против Рашковски: Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни

Од две го четири недели ќе му требаат на Мухамед Зеќири за да дојде на судење. И новото закажано рочиште е одложено. Нови термини засега не се закажани. Досега поминаа 42 дена од првото одложужвање, а психијатарот препорачува да се остави простор за Зеќири да се достабилизира.

dobivaj vesti na viber

„Имено до судот е доставено ново стручно милсење на вешто лице – психијатар, според кое заради достабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели. Со оглед да се работи за здравствена состојба, судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена“, велат од Кривичен суд.

И претходно, вештакот ангажиран од судот ја известуваше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска дека здравјето на Зеќири е нарушено.

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањето, односно дека во повеќе наврати, без јавна набавка, избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, кои завршиле во приватни фирми.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница