Утрински Весник
Спорт

Итуралде: Флорентино Перез ме заклучи во соблекувалната

Итуралде: Флорентино Перез ме заклучи во соблекувалната
300x250 (7)

Поранешниот судија Едуардо Итуралде Гонзалес, сега ангажиран како стручен консултант во најугледните фудбалски емисии во Шпанија, збеснал кога го видел прилог направен и емитуван на клупската телевизија на Реал Мадрид. Телевизијата во својот прилог сака да посочи дека уште еден судија бил корумпиран, односно дека и бил наклонет на Барселона. Во прилогот се посочени сите наводни грешки на шета на Реал, направени од страна на поранешниот судија Клос Гомез, сега задолжен за ВАР системот.

dobivaj vesti na viber

„Овој прилог е морничав, непристоен. Ја ставам раката во оган за Клос Гомез. Клос Гомез е човек со интегритет, кој веројатно направил 1.000 или 5.000 грешки на натпреварите на Реал, и во корист и против Реал“, грмеше Итуралде во програмата „Карусел Депортиво“ на радио „Кадена СЕР“.

300x250 (7)

Итуралде не можејќи да се воздржи, изнервиран што сега целата вина за скандалот, поради кој е покренато обвинение против Барселона, откри интересен момент од својата кариера.

„Ова е начинот на работа на оваа телевизија (Реал). Ако веќе се новинари, нека истражат кој ме поканил во соба? Нека истражат да видат како се врши притисокот. Во победата од 6:1 против Депортиво (во сезоната 2010/2011). Го напуштам теренот со помошниците, ми приоѓа маж кој ме турка во собата и ми вели: „Само сакам да не судите како што и судите на Барселона“, рекол Итуралде.

„Тој е од Реал. Го прашувам што сака, да проверам да не се шегува, му велам дека муабетов е завршен. Сакаше да ме остави сам во собата, му реков: не! По половина час ја известив судиската комисија, бидејќи се ми изгледаше многу сериозно. Ајде тогаш нека истражат тие од Реал Мадрид пошто се веќе толку добри новинари. Ќе им ја олеснам работата: Нека почнат од самиот врв“, грмеше Итуралде пред јасно да открие.

„Тоа беше Флорентино Перез. Немам што да кријам. Се е пријавено. Тоа е притисок“.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале