Утрински Весник
Спорт

Нова караница во ПСЖ: Како Мбапе ја носеше капитенската лента пред Кимпембе?

Нова караница во ПСЖ: Како Мбапе ја носеше капитенската лента пред Кимпембе?

Килијан Мбапе го предводеше Пари Сен Жермен со капитенската лента на натпреварот од Купот на Франција против аматерскиот тим Пеи де Касел, постигнувајќи пет гола во триумфот од 7:0. По натпреварот, тренер Кристоф Галтие потврди дека Мбапе е еден од замениците капитени на тимот и оваа одлука е донесена уште пред почетокот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Сепак, пред него лентата требала да му припадне на Преснел Кимпембе.

„Килијан заслужува да ја носи лентата кога Маркињос е отсутен“, изјави Галтие, а во францускиот печат имаше коментари дека Преснел Кимпембе има статус на втор капитен.

„Во последните неколку часа прочитав и слушнав многу работи за себе. За да ја разјаснам ситуацијата и да не ширам повеќе лаги, ќе кажам дека не сум информиран за оваа одлука, но секогаш ќе ги почитувам одлуките на клубот“, напиша Кимпембе на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Бензема и Вини за голема победа во продолженија во жестокото мадридско дерби

Билбао ја освои „Месталја“ за полуфинале во Кралскиот куп

Реал го доби евролигашкото „Ел класико“ по драматични продолженија