
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Од граѓаните се крие вистината за лотото на арамијата Мицкоски и трошењето на 5,5 милиони евра за прославата за независноста.
Огромни проневерени пари за кои се кријат документи, одлуки, анекси, фактури, исплати, и клучното прашање, во чии џебови завршија народните пари.
Затоа сме пред Јавното обвинителство. Мора веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација, да ги даде на увид пред граѓаните.
Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски, сега треба да знаат до денар каде завршија нивните пари.
Самит начин на носење одлуки е сомнителен и спротивен на закон.
Во кое својство Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата?
Ако постапувала како претставник на државата акционер, каде е одлуката на Собранието на акционери.
Кој орган одобрил трошење над 300 милиони денари? На која седница? Кој гласал и врз која законска основа?
Јавниот повик траел само пет работни дена и пристигнала само една понуда. Повикот завршл на 8 мај, а само три дена подоцна власта веќе го најавила настапот на Дејвид Гета.
Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен.
Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен и исплатен.
Мора да се утврди кои домашни и странски фирми добиле пари, колку заработиле „Стардаст”, односно Авалон, и како се вршеле исплатите док и компанијата имала блокирана сметка.
Дополнително, прашање е каде завршиле и приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали бил платен данок.
Премногу матни работи, премногу сокриени информации а потрошени 5,5 милиони евра за кои арамијата Мицкоски излажа дека се „нула денари”.
Да беше сè чисто и законски, немаше да се кријат документите, немаше да се лаже.
Затоа повикуваме веднаш да постапат Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија.
Да се утврди каде завршил секој денар.
Народот не е ниту „талог”, ниту „идиот”. Не може постојано да го лажете и да ги криете одговори за неговите пари.
Мора да има одговорност. Доаѓа времето на вистината и правдата.


