Утрински Весник
Спорт

Почина легендата на Работнички, Томче Филиповски

20260918155517 big 730x400 88.webp.webp

Поранешниот легендарен фудбалер на скопски Работнички и прв човек на југословенскиот фудбал на крајот од 80-те години од минатиот век, Томче Филиповски, почина на 84-годишна возраст.

Со неговото име се врзани бројни успеси на клубот од Дебар Маало за кој Филиповски настапуваше 18 години во кои одигра 633 натпревари и постигна 225 голови. Во сезоната 1971/72 беше најдобар стрелец во Втората југословенска лига.


И покрај бројните понуди за промена на клупската средина, меѓу кои и од Вардар, Филиповски остана верен на Работнички до крајот на својата играчка кариера.

По завршувањето на кариерата на фудбалските терени, Филиповски продолжи активно да придонесува за развојот на фудбалот, како истакнат спортски работник и функционер. Во периодот од 1987 до 1991 година беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија, во период исполнет со значајни успеси на југословенскиот фудбал.

Изразувајќи сочувство по повод смртта на Филиповски, ФФМ наведе дека со неговото заминување „македонскиот и скопскиот фудбал загубија голема легенда, човек кој целиот свој живот го посвети на фудбалот.“

Филиповски ќе биде погребан утре на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација