Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Во уште четири села забранета вода за пиење, Мицкоски и Клековски ја отруја Македонија

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани водата за пиење во селата Рич, Попчево, Белотино, Вељуса во Струмичко.


Нема резидуален хлор, има бактерии – индикатори за фекално загадување. Водата не е за пиење, не е за готвење.

Ова веќе не е инцидент. Ова е реалната слика во државата.

Повеќе од 50 места во државата се без безбедна чиста вода за пиење. Единаесет недели за Гостивар нема целосен, јавен, потпишан извештај дека водата е безбедна за пиење. Пет илјади граѓани се затруја.

Има само збор на арамијата дека се е во ред – по хиперхлорирањето на Тошковски.

Повеќе од месец дена загадени се реките Лепенец и Вардар. Кој ги загади – нема име.

Ѓорѓиевски проверува со дрон. Лабораторијата молчи.

Обезбедувањето безбедна водата за пиење е прва и основна обврска на една држава.

Кај ВМРО-ОКГ, таа е последна.

Извештаите се кријат. Чешмите се забрануваат за користење. Народот купува вода во пластични шишиња.

Кабинетот купува ленти за пиар.

Мицкоски и Клековски не знаат да го заштитат здравјето на граѓаните, не управуваат со здравјето-управуваат со молк.

Кога има за концерт 5,53 милиони, документите се кријат. Кога има дата-центри, водата се ветува под радар.

Кога има труење, се чека народот да заборави. Ама народот не заборава.

СДСМ бара да се стават на маса, да се објават јавно извештаите за Гостивар, за Вардар, за Лепенец, за Струмичкиот регион.

Да се кажат имињата на загадувачите. Министерот што ги крие информациите и имињата мора да понесе одговорност.

Без тоа ова не е Влада, туку една организирана криминална група што ги остави граѓаните без најосновното – чиста и безбедна вода за пиење.

Можете да прочитате

47.ИФФК „Браќа Манаки” со импресивна програма со рекорден број гости, филмови и едукативни содржини

Хоџа: Зелената агенда мора да премине од заложби кон конкретни резултати за граѓаните од Западен Балкан

Уапсени две лица, палеле кабли кај Буково