Утрински Весник
Македонија

35-годишник од Студеничани почина по струен удар

Ambulanta.jpg

На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с.Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде починал.


Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт