Утрински Весник
Економија

Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија

1000003449.jpg

Распшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави денеска во Радовиш, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски.

“Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија.  Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот. Во рок од 6 до 9 месеци да се завршат студиите и после тоа одиме на тендерирање. Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што, како што кажав, ќе значи многу. И да напоменам дека  нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски. 


Можете да прочитате

Серафимовски: Со новиот закон за уредување на пазарите земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот

Лукаревска до Серафимовски: Граѓаните имаат право да знаат каква храна јадат, зошто го криете извештајот за „млечниот скандал? 

Познато е колку ќе се зголемат пензиите од овој месец