Утрински Весник
Македонија

Вечерва во „Ноќно студио“: Една година од првото рочиште за „Пулс“ – на кои прашања семејствата сe уште бараат одговор?

Screenshot 2026 11 18 171703.jpg

Александар Наунов, таткото на Надица Наунова, и Томче Стојанов, таткото на Андреј Стојанов, вечерва гостуваат во „Ноќно студио“ на 4ТВ во 20:00 часот. Во фокусот на разговорот ќе бидат сведочењата на судењето за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“, прашањата што семејствата сè уште ги поставуваат и нивното барање за почести рочишта.

На вчерашното рочиште сведочеше Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов. Таа пред судот кажа дека при претходни посети на клубот ја користела задната врата и дека ноќта на пожарот не била во „Пулс“.


Наунов и Стојанов ќе зборуваат за тоа што им раскажале преживеаните за излезите од клубот таа ноќ. Во разговорот ќе се осврнат и на тоа што дознале од досегашните сведочења за начинот на кој работел „Пулс“ и кои прашања за контролата на клубот остануваат отворени за нив.

Двајцата гости ќе објаснат зошто семејствата бараат рочиштата да се одржуваат почесто и зошто јавно им дадоа поддршка на обвинителите што го водат предметот.

Во емисијата ќе стане збор и за „Патека на бесконечноста“, иницијатива за меморијален парк во Кочани посветен на загинатите во „Пулс“. Идејата е посетителите на паркот да можат да се запознаат со нивните животни приказни.

Можете да прочитате

Партнерската компанија на Агенција Рејтинг, Latenta, освои престижна меѓународна награда за истражување на пазарот

Кривични за двајца тетовци, на 19-годишник бегајќи од полиција му испаднал пиштол, а другиот му дал возило да побегне

Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа и едносменската настава се мерки за поквалитетно образование