Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка во Струшко, повредени три лица

Soobrakajka mvr policija.jpg

На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Подмоље – Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 2008″ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(59) од Струмица и патничко возило „форд фиеста” со кичевски регистарски ознаки, управувано од 41-годишната К.Ш.З. од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ш.З. , а со телесни повреди се здобил Ј.М. и неговиот сопатник Р.М.(57) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.   


Можете да прочитате

Инспекторката од АХВ барала мито од 250 евра, сега ОЈО за неа бара притвор

Мециновиќ гостин на иницијативата „12:05“: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ

Николоски: Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш во поодбрување на инфраструктурата, подршката за општините продолжува