
Финалето на ВТА турнирот од серијата 500 во Вашингтон меѓу американската тенисерка Џесика Пегула и нејзината филипинска ривалка Александра Еала беше прекинато синоќа поради невреме проследено со грмотевици што го зафати главниот град на САД во неделата.
По речиси тричасовно доцнење на почетокот на финалето, третата светска тенисерка Пегула го доби првиот сет со 6-4, а Еала имаше водство од 2-1 во гемови во вториот сет кога временските услови повторно се влошија.
Откако поминаа повеќе од пет часови без услови за продолжување на играта, организаторите одлучија финалето да биде доиграно во текот на денешниот ден.
Машкото финале на АТП 500 турнирот во Вашингтон, меѓу американскиот тенисер Тејлор Фриц (АТП-10) и шпанскиот тенисер Рафаел Ходар (АТП-24), исто така, беше одложено поради невремето.
Женското финале е закажано да продолжи напладне по локално време, а попладне треба да се одигра и машкото финале во Вашингтон.


